Федерацијата БиХ нема да добие 500.000 дози вакцини Спутник В затоа што измина рокот на банкарската гаранција за уредна испорака врз основа на договор потпишан од МЕДИМПЕКС во согласност со заклучокот на сојузната влада

Федраланата влада беше информирана дека од Русија не е добиена потребната документација и дека рокот истече на 23 март на полноќ.

„Институтот за јавно здравје на Федерацијата ја извести Владата на Федерацијата БиХ за ова и чека на понатамошни упатства“, изјавија од Институтот за јавно здравје на ФБиХ.

Владата, преку Институтот за јавно здравје, потпиша договор со Медимпекс за набавка на вакцини, врз основа на кој компанијата се обврза да испорача 500.000 дози вакцини за имунизација на населението во Федерацијата БиХ оваа година.

Порталот Кликс наведе дека сега на потег е Владата на Федерацијата БиХ за тоа дали ќе го продолжи рокот на МЕДИМПЕКС или ќе бира нова фирма за купување вакцини.

Првата испорака на 100.000 дози вакцина се очекуваше во рок од три работни дена, по потврдата за прифаќање на акредитивот од производителот.

Извор МИА