Сопственик на пекара во Берлин, ќе мора да плати казна од 25.000 евра, бидејќи на огласната табла кратенката за „килограм“, ја напишал со големи букви „КГ“, наместо со мали, односно „кг“. Државниот завод за мерки Берлин-Браденбург, при рутинска контрола ја воочил оваа кратенка и го пријавил сопственикот на пекарата Карстен Греве.

На почеток Греве мислел дека се работи за шега. Но, сепак работата била сериозна.

Имено, проблемот е во двосмисленоста на кратенката „кг“, напишана со големи букви „КГ“. Наводно кратенката напишана со големи букви може да ги иритира купувачите или можат да ја заменат за Келвинов или Гаусов систем на мерни единици.

Пекарот смета дека инспекторите се во право, но дека казната од 25.000 евра е преголема.