Поради погрешен код за логирање „Твитерот“ на Филипче бил ставен под рестрикција

32

Утрово „Твитер“ профилот на Венко Филипче бил ставен под рестрикција, за што со објаснување излезе Министерството за здравство.

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот“, се вели во соопштението.

ФОТО/Твитер го блокираше профилот на Венко Филипче