Поради обвинение за силување не стана суперѕвезда во НФЛ-лигата

55

Сонот на НФЛ играчот Шон Окмана, сепак, би можел да стане реалност. Откако минатиот месец беше ослободен од обвинението за сексуална злоупотреба, поранешниот играч на Бејлор Универзитетот доби нова надеж да ја продолжи својата НФЛ кариера на највисоко ниво.

– Мислам дека Бог ме насочи кон вистинскиот пат, но не чувствувам дека морам да се молам за што и да е, тоа не е работа за проштевање. Не сакам никој ништо да ми подари, сакам се што ќе добијам да го заработам. Сакам да играм американски фудбал на највисоко ниво и да добијам своја можност за да се покажам во најдобро светло, изјави Окман пред новинарите на почетокот од месецов.

Шон пред неколку години важеше за еден од најголемите таленти во овој спорт, па многумина му предвидуваа блескава иднина, а воедно и дека ќе биде изберен како прв пик на НФЛ-драфтот.

Поранешниот играч на Бејлор во тоа време со своите 206 сантиметри и 127 килограми беше во центарот на вниманието, пред се поради неговата мускулатура, а не заради атлетските способности, за некој кој би можел да биде најголема НЛФ суперѕвезда.

Сепак, на 13 април 2016 година беше уапсен откако една жена го обвини за сексуална злоупотреба, па поради тоа му пропадна евентуалниот драфт во 2016 година. Тој и претходно си имаше големи проблеми со законот. Имено, во 2013 година беше обвинет за физички напад врз една жена, а две години порано нападна жена во маркет, бидејќи го обвинила за кражба на сендвичи.