Поради него, соблекувалната мирисаше на алкохол

106

Трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело, откри дека во времето кога бил предводник на шпанскиот гигант Реал (М), најголеми проблеми во соблекувалната имал со легендарниот бразилски фудбалер Роналдо. Капело е познат како тренер кој не толерира никаква дисциплина и затоа каде и да бил тренер секогаш имал некаков проблем со најголемите ѕвезди во тимот.

  • Роналдо беше најголемиот талент со кој имам работено. Одлично се разбиравме, но морам да ви откријам дека Роналдо ми правеше најмногу проблеми во соблекувалната. Често пати знаеше да организира некаква забава или пак нешто слично. Еден ден, холандскиот интернационалец Руд Ван Нистелрој дојде до мене и ми кажа: „Мистер, во соблекувалната се мириса на алкохол“. Кога Роналдо беше продаден на Милан во 2007 година, ние почнавме да победуваме. Сепак, кога е во прашање талентот, Бразилецот беше најголем талент и јас немам никаква дилема, изјави Капело.

Италијанецот на два пати беше предводник на „кралскиот клуб“, еднашка во сезоната 1996/1997 и вториот пат во 2006/2007.  Иако во двете сезони ја освои шампионската титула, Капело не се задржа подолго на „Сантијаго Бернабеу“ затоа што не беше на иста линија со клупските челници. Освен со Роналдо, Капело во својата богата тренерска кариера имаше проблем и со однесувањето на Дејан Савичевиќ, Антонио Касано и Франческо Тоти.