Томче Јосимовски многу добро ни е познат како водител на емисијата “Мое село” на ТВ Сител, а токму како таков ги освои многубројните симпатии на гледачите, воопшто на публиката. Со право за него велат дека со својот специфичен начин на водење на оваа емисија која стана гледана, нашето македонско село им го доближи и на оние луѓе кај кои само градот им беше закон. Откако Томче им ја разби заблудата за живот во градот, истите тие почнале да размислуваат да се вратат таму од кај им се корените, во селото, особено сега кога поради короната мораа со саати да бидат затворени во становите. Па, еве што впрочем советува Томче. Вреди да го послушаме и да го направиме тоа. Да и се вратиме на природата и на селскиот живот кој има многу свои убавини, но и предности. Македонски села во кои јакнее духот и во кои од секогаш се раѓале чеда со железен непокор!

0 Што научивме и дали воопшто нешто корисно научивме од пандемијата со коронавирусот?
-Научивме неколку работи. Прво е дека една мала ситна работа една мала “животинка“ може пепел да не направи сите. Значи неподготвени сме во тој дел. Многу непоготвени го дочекавме сето ова. Пред се, никој не се надеваше на вакво нешто. Сите си мислевме дека тоа е таму далеку, во далечната Кина. Ама еве како вирусот успеа да ја обвитка целата Планета,па сега сите се вртиме во тој круг заедно со короната.

0 Значи дека не е се во ред?
-Ма, каков ред, што е во ред? Колку и да зборат дека во моментот е во ред, едноставно не е. Овој вирус е непознат, ги изненади здравствените власти, например како секоја година што градските власти ги изненадува снегот во зима. Научивме и тоа дека има луѓе што и не почитуваат закон, не почитуваа мерки за однесување, не го почитувале полицискиот час, нема кај нас самодисциплина. Сега едни со други се обвинуваат…..

0Откако има(в)ме и полициски час научивме ли да ја почитуваме и слободата?
-Токму тоа, научивме да го почитуваме она што го немаме. Слободата на движење научивме да ја почитуваме. До скоро беше, ај што ќе правам, ај ќе одам некаде да шетам, дома било здодевно. Е, кога се воведе оној петодневниот полициски час дојдовеме во ситуацијата дворот да ти е најдобар пријател, терасата најдобро другарче! Жива вистина.

0Се согласуваш дека најмногу научивме да го почитуваме потесното семејство за кое најчесто немавме слободно време, а научивме и да бидеме домаќини, да бидеме и добри готвачи?
-Да, навистина е тоа што многу научија да месат тесто. Употребна вредност ја доби брашното, сите тие рецепти што сакале да ги направат, сите тие што никој пат не готвеле доаѓаат до израз во готвачките вештини и жени и мажи. Научивме дека со многу малце можеме многу да направиме. Дека ни е најбитно семејството и дека во кругот на семејството се чувствуваме најсигурни.

0А, ти лично што ќе направиш сега?
– Ете, например на Водно можам да отидам, со жичарата до врвот. Важно е да сум во природата! Исто така ќе почнам да џогирам покрај кеј, точак да возам и само брокула и компир да јадам.  /целиот текст читајте го во печатеното издание на ВЕЧЕР/            Дуле МИЌИЌ