Поради загадување, затворена постојката на петрол кокс на велешки „Еуро брик компани“

163

Државен инспектор за животна средина ја затвори постојката која работи на петрол кокс на велешката „Еуро брик компани“ која изработува елементи за громобранска заштита. При вонреден инспекциски надзор извршен на 29 ноември, инспекторот констатирал дека емисиите на цврсти честички – прашина изнесуваат 100,84 мг/м3 што е над дозволените пропишани 50 мг/м3.

Претходно надминување на дозволените вредности се евидентирани и во мај 2022 година.

– Исто така во лабораториските извештаи е нотирано користење петрол кокс како гориво, односно дека на тунелската печка не се поставени системи за намалување на емисиите. Изготвено е Решение со кое се забранува работење на постројката за користење енергенс-петрол кокс вклучително и целата опрема за складирање петрол кокс со рок веднаш, а најмногу до 90 дена во кои треба да се отстранат причините за настанатата состојба. Доколку не се постапи согласно решението, ќе биде покрената прекршочна постапка согласно законските прописи – потенцираат од ДИЖС.

(С.Бл.)