Дома МАКЕДОНИЈА Поради дожд и ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево...

Поради дожд и ситни одрони на повеќе места на патниот правец Делчево – Кочани

30
-Апелираме сите кои патуваат преку овој патен правец да внимаваат, бидејки одроните се на повеќе места, почнувајки од Кочани кон Македонска Каменица после Истибања, како и од Македонска Каменица кон Делчево во атарот на селата Илиово и Драмче. Иако се работи за ситни одрони сепак при брзо возење истите можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот, велат возачите.
Додаваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози, а дополнителен проблем на возачите покрај дождот им прави и маглата, што според нив е уште една причина учесниците во сообраќајот да возат внимателно.
Од „Македонија пат” посочија дека нивни екипи редовно го контролираат теренот и онаму каде има појава на одрони се реагира согласно можностите за работа во вечерни услови.