Српската пејачка Романа Паниќ, која беше уапсена во Австралија пред околу еден месец за ограбување банкомат, е ослободена од затвор.

Таа помина 40 дена во затвор, а беше пуштена на слобода за добро однесување, пренесува Курир. Заедно со нејзиното момче, агент за недвижности Филип Мркајиќ украла пари во вредност од 14.400 евра. Австралиската полиција ги пронајде од безбедносните камери во банките додека поставиле нелегални уреди на банкоматите.

Момчето е задржано во затвор, а тој ќе треба да ги врати украдените пари или да ја надомести штетата со социјално корисна работа. Во меѓувреме, Романа чека да биде екстрадирана во Србија.

– Романа наскоро ќе се врати во Белград. Нејзиното момче се согласи да ги врати парите што ги украле. Таа сега се чувствува подобро , затоа што конечно се враќа во својата земја. Таа исто така ми кажа дека вакво нешто никогаш повеќе нема да и се случи, дури и ако мора да проси на улица. Таа ми призна дека жали за сè, дека ова е животна лекција за неа, која, ако беше паметна, можеше да ја избегне. Неколку пати ми повтори дека се чувствува лошо затоа што се посрамоти себеси и своето семејство. Не знае како да се појави пред нејзината мајка, која е очајна за целата ситуација, изјавила пријателка на Романа.