Поради дефект на водоводна мрежа без вода корисниците од улиците „Букурешка“, „Дамска“ и дел од „Париска“

479

Поради дефект на водоводната цевка Ф 125мм. на ул. „Букурешка 81„ прекин во водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Букурешка“, „Дамска“ и дел од „Париска“, соопштија од ЈП водовод и канализација Скопје.

Од јавното претпријатие потенцираат дека прекинот во водоснадувањето ќе биде од 16:20 часот до завршување на работите за отстранување на дефектот.