Поради дефект без вода за пиење неколку улици во Кавадарци

19
Поради дефект, вечерва без вода за пиење останаа граѓани на неколку улици во Кавадарци.
– Има дефект на главна водоводна линија. Без вода за пиење остана населението од улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Балканска“, како и околни улици, кои гравитираат кон нив и во самиот центар на градот. Прекинот со водоснабдување ќе трае до утре до 13 часот, појаснуваат од ЈП „Комуналец“ Кавадарци.