Поради градежни зафати дел од светлосната сигнализација нема да биде во функција

77

Од Град Скопје информираат дека в недела, во временски период од 8 до 12 часот, на улицата „Васил Чакаларов“, општина Карпош, ќе се изведува монтажа на нови семафорски столбови, па оттука постоечката светлосна сигнализација нема да биде во функција.

Поради изведба на градежни работи на крстосницата помеѓу булевар „Босна и Херцеговина“ и улицата „Ќемал Сејфула“, како и на улица „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, до завршување на градежните работи, ќе биде изгазната светлосната вертикална сигнализација.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.