Поради Велигден претседателските избори се одложуваат за една недела

44

Поради велигденските празници изборите за претседател на државава ке бидат прлонгирани за една недела. Како што објасни на вчерашната прес-конференција претседателот на Собранието, Талат Џафери,претседателските избори најверојатно ќе се одржат на 21 април, првиот круг, и 5 мај, вториот круг. Првично било предвидено првиот круг да се одржи на 14 април.

-Ако првиот круг се одржи на 14 април, тогаш вториот круг ќе се совпадне со Велигден. Затоа размислуваме да ги поместиме изборите за седум дена. Со тоа се обезбедува можноста најдоцна до 8 февруари да се распишат изборите и така да се испочитува законската рамка – изјави Џафери.

Тој додаде дека во тој случај крајниот рок за инаугурација на новиот претседател ќе биде 12 мај, бидејќи на тој датум завршува мандатот на Ѓорге Иванов. Претседателот на Собранието додаде дека е против предвремени парламентарни избори.

Џафери посочи дека заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини во Македонија, каде во моментов функцијата градоначалник ја извршуваат вршители на должност.