Внимава да не се појават од некаде неповиканите крволочни ајкули, кои ова лето се размножија на Медитеранот. Така што, сигурно си е сигурно: Ѓоко е само нем набљудувач од плитко, од безбедна површина!

На поп-пејачот Ѓоко Танески (и некогашен евровизиски претставник) мал му е неговиот Охрид, па сега цел на неговиот летен интерес е бучавиот остров Ибица во Шпанија, на кој секое лето се „собираат“ над милиони туристи желни за забава и за одлични деноноќни журки. Предизвик им се, како и на нашиот Ѓоко, големиот број барови на плажа, во кои гласната техномузика не престанува, а тие, опиени од забавите, не можат да си дојдат на себе.

Единствен начин да се разлади човек е да е во море и во плитко, само со стапалата, или во длабоко, ама мора да внимава да не се појават од некаде неповиканите крволочни ајкули, кои ова лето се размножија на Медитеранот. Така што, сигурно си е сигурно: Ѓоко е само нем набљудувач од безбедна површина, од плитко, со вовлечено стомаче во капачките гаќи. Не му е тоа езерото во кое може да плива и да доплива до Пештани и во најдлабокото! (Д.М.)