Поп малтеретираше бебе на крштевка, мајката едвај го спаси

257

Руски поп брутално крштеваше бебе. На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое може да се види бруталното однесување на ова свештено лице.

Исто така на видеото може да се види дури како мајката интервенира за да ја запре бруталната крштевка на нејзиното бебе.

„Бебето има гребаници по грбот и вратот. Сега има панични напади и хистерија, се плаши од сè,“ тврди мајката.

Попот од Русија е суспендиран во времетраење од 1 година, откако насилно го крштеваше бебето кое притоа врескаше од страв.

За целата ситуација да биде уште по шокантна попот изјави дека на ваков начин веќе 26 години крштева деца.