ПОПУСТО ЗАБРАНИTE, ХРВАТИТЕ ГО ОБОЖАВААТ: Бајага со концерт во Загреб најголем во кариерата

46

Момчило Бајагиќ Бајага завчеравечер во Загрепската арена одржа најголем концерт во својата кариера. По се изгледа попусто се сите забрани, Хрватите покажаа дека го обожаваат српскиот пејач. Со познатиот рокер во Загреб на концертот насловен “У сали лом” (Во салата лом) таа вечер пееја повеќе од осум илјади луѓе.

Фановите на Бајага на Арена ги пееја сите негови стари хитови, но исто така уживаа и во новите песни. Голем дел од публиката, како и на сите негови досегашни концерти, беа жени кои и понатаму го обожаваат идолот од бившите Ју-простори.

Во Загреб ова е најголем концерт на Бајага досега, со оглед дека тој настапувал секогаш во помали сали. По овој концерт очигледно е дека Хрватите продолжуваат да го сакаат, иако минатата година избувна скандал откако “бранителите” го забранија неговиот настап на деновите на пивото во Карловац.