Непоразениот УФЦ шампиона, Хабиб Нурмагомедов, дури сега разбира што значи да се биде популарен. Тој ја заврши кариерата со 29 победи и без пораз, а сега говореше за популарноста и како се справува со неа.

  • Одиш во супермаркет, сите те гледаат, сакаат да се сликаат. Одите по улица, ве запираат на секој чекор. Одите во кафуле или ресторан, опкружени сте и сите чекаат автограм. И не е лесно, многу е тешко да се поднесе. Претходно, кога бев помлад и гладен за успех, не го сфаќав тоа, а сега се ми е јасно. Дојдов во Англија, бев во Бирмингем, Манчестер, Лондон и тешко е човек да излезе без да има мир. Популарноста стана поопасна од парите, истакна Нурмагомедов.

Големиот УФЦ борец признава дека парите го смениле.

  • Мислам дека малку се променив, понекогаш добриот живот те фаќа неподготвен. И во мојата глава се е исто, дојдов од село и селото никогаш не ме напушти. Не можам да го тргнам тоа од моето срце. Понекогаш уживам во добра храна, јадам буквално се, додаде Нурмагомедов.

Иако заработи многу пари во текот на неговата кариера, Хабиб не одлучи да живее во светска метропола и постојано да е во центарот на вниманието како многумина. Тој остана во Дагестан и ужива во мирот со своите најблиски.

  • Можам да купам куќа во Калифорнија и да живеам таму. Или во Дубаи. Но, живеам во Дагестан затоа што сум роден таму, бидејќи сите мои роднини се тука и многу го сакам овој регион. Каде и да сум, секогаш барам слободен период за да дојдам во Дагестан. Тука има многу богат регион, но социјално живееме многу лошо, додаде борецот.

Нурмагомедов ја имаше својата последна борба во октомври 2020 година, победувајќи го Џастин Гејчи, а веднаш по борбата одлучи да ја заврши кариерата.