Популарниот готвач Марио, Васил Зафирчев: “Во друштвото на шицуто Беба јас му се радувам на секој нов ден“!!!

379

Не и давајте место на нервозата, на паниката, со тоа како ќе биде? Не сте единствениот тој кој си го поставува истото прашање. Милиони луѓе се во истата ситуација. За жал има и починати. Тоа е најстрашното. Знам тешко е, финансиски е исто така уште потешко, но да се тешиме, за јадење имаме….

Познатиот македонски актер Васил Зафирчев(но по потреба и одличен водител) или ако сакате омилениот готвач Марио од серијата “Преспав“ откако во земјата се прошири мерката за ограничено движење со воведувањето на построгиот полициски час, разбирливо најмногу се загрижи за своето домашно милениче, па напиша на ФБ:“Државава покажа ептен “европски” сенс во грижата за здравјето и благосостојбата на 80.000 регистрирани домашни миленици, па се договоривме со Беба дека ја менуваме рутината и дека дури и физиолошките потреби ќе мораме да ги извршуваме согласно со полицискиот час со предвидената забрана за движење. И разбра, без поговор. И како после да не ги сакаш животните? Имаме уште многу да учиме од нив пред да станеме “луѓе” во вистинската смисла на зборот.
Да не се сфати погрешно, Васил не од тие кои кукаат, напротив! Но, согласен е дека домашниот карантин за повеќето од нас е една сосема нова, чудна и многу збунувачка ситуација. Бидејќи не натера да се затвориме во домот, во кругот на најблиските, го ограничи нашето движење, нашите активности, нашите лични слободи. Сепак, тоа има и свои добри страни. – Колку пати заради работните обврски сте си рекле дека немате време. Е, еве сега имате време 24 часа на ден. Јас времето го минувам во мојот дом во Велес, во убавото друштво на шицуто Беба. На главата и машничка и ставив, хахахаха, да ми биде послатка. Секојдневно имам јога и медитација, правам и пролетното чистење на домот, на духот и на телото. Замислете дури и одлично готвам, со што откривам и некои нови рецепти, а се бавам и со хортикултура. И си велам, утре е нов ден! Зарем се ова не е убаво? Среќата е во малите нешта, потенцира популарниот Васил.

=

Така да Васил не е од оние кои паѓаат во депресија, далеку е од оној тип кој на се ова гледа преку црните мисли. Напротив! Вели дека најдобро е да се архивираат таквите лоши мисли. – Ако сте во кругот на најблиските своите најсакани, денот нека ви помине во тоа со нив да ги споделувате позитивните вибрации. – Не и давајте место на нервозата, на паниката со тоа како ќе биде? Не сте единствениот тој кој си го поставува истото прашање. Милиони луѓе се сега во истата ситуација. А, многу се починати. Знам тешко е и финансиски. Да се тешиме, за јадење имаме. Не сме надвор, тука сме во својот дом, топло ни е, тоа што имаме ќе јадеме, нема простор за избор. Ова е животен предизвик, треба да бидете силни да ја имате постојано во вас и онаа ментална хигиена. Поедноставно кажано, грижете се за здравјето, своето пред се, а со тоа и за здравјето на вашите во семејството. И пак ќе речам ако имате домашен миленик, тој сигурно ќе ви го разубавува денот!
Д.Миќиќ