Контроверзниот сопственик на романскиот гигант ФЦСБ, поранешна Стеауа, Џиџи Бекали, нема да дозволи вакцинација на играчите на неговиот тим.

Во интервју за романските медиуми, Бекали посочи дека нема да има вакцини во неговиот клуб и дека попрво би сакал да си пукал во главата отколку да го дозволи тоа.

  • Ако имав пиштол и вакцина на масата, повеќе би сакал да земам пиштол и да си пукам во главата. Нема ништо вакцинација во мојот клуб, изјави Бекали.

Бекали е познат по своите контроверзни ставови и често е во центарот на вниманието во романските медиуми.

Тој неодамна ги исфрли играчите кои штотуку се приклучија на тимот, а сето тоа поради неочекуван пораз во европските натпреварувања.

За време на пандемијата, тој им нареди на играчите да тренираат редовно во клубот, но да се тушираат дома.