Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2023

136

Денеска и утре Попова Шапка е домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и „ФИС Сноуборд Куп 2023″, во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и сноуборд клубот XMKD. (ХМКД).

На првенството, покрај домашните претставници учествуваат повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји од Србија, Бугарија, Грција и Романија.Натпреварувачите денеска се натпреваруваат во велеслалом, а утре во слоупстајл (олимписки дисциплини), во машка и женска конкуренција.-Попова Шапка нуди одлични климатски и географски услови за уживање во зимските спортови, а со континуираните инвестиции во скијачките капацитети, соработката со Скијачката Федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и клубовите како XMKD, скијачките центри како Попова Шапка добиваат на популарност, се шири интересот кај младите за зимските спортови и пред се истите да спортуваат во Македонија.Овогодинешните натпревари во сноуборд на Попова Шапка, во две дисциплини само дополнително придонесуваат за афирмација на зимските спортови во Македонија. Им посакуваме успешен настап на сите натпреварувачи, за време на двата натпреварувачки денови, изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.Од скијачката федерација воедно потенцираат дека поради значителниот ангажман на техничкиот организатор, клубот XMKD, (ХМКД) тренерот по сноуборд фрирајд Бојан Андонов и помошта од ски центарот Попова Шапка и Кодра фрирајдерс натпреварувачите имаат шанса да ги покажат своите вештини на исклучително подготвен терен, по највисоки стандарди, во погодни временски услови.-Ваквите меѓународни натпревари и купови се одлична прилика за промоција и афирмација на овој наш зимски туристички центар, кој со големите инвестиции, дури и во време на економска криза, успеа да ги врати македонските љубители на зимските спортови да зимуваат во Македонија, порачаа од федерацијата.Федерацијата ги повикува сите љубители на зимските спортови да го посетат скијачкиот центар Попова Шапка и да уживаат во одличната атмосфера и организација на овогодишното државно првенство во сноуборд и „ФИС Сноуборд Куп 2023“.