Попладнево „Андреа“ повторно се почувствува во земјава

101
Дожд

Во текот на денешниот ден Македонија повторно се наоѓаше под влијание на „Андреа“ па така на повеќе места имаше и повремени врнежи од дожд.

Во попладневните часови поради загреаната атмосфера и тоа особено во источните предели се разви нестабилна облачност која беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено интензивна нестабилност и развој на олуен систем имаше околу Радовишкиот регион и истиот услови интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења а во околината на Радовиш имаше и интензивни врнежи од град.

Утре и во среда, пак, очекуваме постабилна атмосфера иако на планинските места во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи. Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места повторно ќе има во четврток попладне и во петок.