Поплавени улици во Гази Баба

137

Обилните врнежи на дожд деновиве на неколку места во општина Гази Баба предизвикаа проблеми и поплавувања на некои улици. Кризниот штаб на општината е активиран и заедно со екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ и ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на навремено отстранување на проблемите.

– Сите граѓани кои имаат проблем од врнежите во своите домови или улицата каде живеат истиот можат да го пријават на следните броеви со цел побрзо добивање на информација и можност за брза реакција на службите 070-254-206 070-856-560 – информира градоначалникот Борис Георгиевски.