Поништен јавниот повик за субвенционирање на фасади и покриви на згради

483

Општина Бутел го поништи јавниот повик за субвенции на проект „Енергетски ефикасни домови“ на станбени згради за колективно домување во општина Бутел. По разгледување на доставените барања од страна на станарите, Комисијата утврдила дека треба да се зголеми субвенционирањето на проектот, а тоа го прифатил градоначалникот Велимир Смилевски.

Од Општината велат дека ќе следи нов јавен повик. За тоа, колкав ќе биде процентот на субвенционирањето од страна на Општината ќе се знае кога ќе биде донесена одлуката на првата наредна седница на Советот на Општина Бутел.

Јавниот повик за субвенционирање и поддршка во проектот „Енергетски-ефикасни згради за колективно домување“ Општината го распиша на крајот на јули годинава.

Станува збор за субвенционирање на енергетски ефикасни фасади и енергетски ефикасни покриви во висина од 25 проценти, но не повеќе од 1000.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одбрана апликација.
Станбените згради за колективно домување не требаше да бидат постари од 25 години. Јавниот повик траеше 30 дена, од денот на објавувањето, поточно до 29 август 2020 година.

(А.П.)