Понекогаш ме удираше без причина

106

Поранешниот фудбалер на Ајакс се присети на времето кога клупската соблекувална ја делел со најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ. Стивен Пинар на почетокот од овој век важеше за голем талент, а освен тој на Ајакс, го носеше и дресот на Борусија од Дортмунд, Евертон, Тотенхем и на Сандерленд. За време на неговиот престој во Амстредам, Пинар често пати хотелската соба ја делел со популарниот Ибракадабра.

  • Мојот и креветот на Златан секогаш беа споени. Немаше премногу простор. Понекогаш ме удираше без никаква причина. Не знаеше зошто тоа го прави, но беше добро момче. Често пати игравме на „плејстејшнот“.

Освен дека без причина добивал „воспитни“ од тимскиот колега, Пинар се присети и на уште една епизода со шведскиот интернационалец.

  • Едно утро клупскиот доктор не разбуди и ни кажа дека има пожар во нашиот автобус, кој беше паркиран точно пред нашиот прозорец. Моравме веднаш да ги земеме нашите торби и да ја напуштиме собата. Јас ја земав мојата торба, а потоа Златан ми се обрати: „Врати се, мора да ја земеш и мојата торба“. Потоа не сместија во друга соба, но јас не можев да спијам, откри поранешниот репрезентативец на Јужна Африка.

Златан дресот на Ајакс го носеше од 2001 до 2004 година, а потоа потпиша за Јувентус. Пинар и во следните две години играше за Ајакс, а потоа беше продаден на Борусија од Дортмунд.