Помпео: САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија

64

Убеден сум дека Северна Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран Заев во Охрид.

Помпео го поздрави, како што наведе, историскиот Договор од Преспа, како и Спогодбата за добрососедство со Бугарија. Изрази благодарност за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на САД.

Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани, изјави Помпео.

Тој изрази задоволство што неговата посета на земјава се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија.

– Растежот на нашиот дипломатски тим го одразува и развојот на нашето стратешко партнерство, ние соработуваме за безбедна и суверена Европа, истакна Помпео.
Порача дека САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија