Полјакот Давид Томала (31) ја освои олимписката титула во брзо одење на 50 километри во трката одржана во Сапоро, на островот Хокаидо.

За Томала ова беше само втора негова трка во оваа дисциплина на која неодамна се префрли од 20 километри со образложение дека „бара нов предизвик“.

Полјакот дојде до златниот олимписки медал со 36 секунди побрзо време од второпласираниот Џонатан Хилберт од Германија, додека бронзениот медал го освои Еван Данфи од Канада со 51 секунда заостанување зад Томала.