Полска ги враќа рестриктивните мерки во североисточниот регион

28

Полска повторно ќе воведе рестриктивни мерки во североисточниот регион, кој евидентираше релативно висок број на нови случаи на коронавирус во споредба со остатокот од земјата, соопшти денеска министерот за здравство на земјата, Адам Нјеџелски.

На прес-конференцијата, Нјеџелски рече дека во согласност со мерките, од сабота ќе бидат затворени трговски центри, хотели и училишта во Варминско-мазаурското војводство.

– Одлучивме да направиме мал чекор назад, рече министерот.

Тој додаде дека рестриктивните мерки, како што се планира засега, ќе бидат во сила две недели.

Извор:МИА