Полската сезнација во Реал (М) за 60 мил. евра

59

Реал (М) е во очајна потрага по нов напаѓач кој треба да биде достојна замена за португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо. Според шпанските медиуми, актуелниот светски и европски клупски шампион, се има фокусирано на полскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Џенова, Крижтоф Пиатек, кој е втор стрелец во Серија А. “Диарио АС”, пришува дека “кралскиот клуб” до крајот на зимскиот преоден рок ќе испрати официјална понуда за 23-годишниот напаѓач, вредна 60 мил. евра.

Напаѓачот на Џенова веќе постигна 13 погодоци, еден помалку од Кристијано Роналдо, а од неговата продажба, полскиот прволигаш Краковија, заработи околу 4.5 мил. евра.

Кога е во прашање актуелната сезона во Примера дивизон, Реал (М) има постигнато само 26 погодоци на 18. натпревари, а Пиатек треба да биде алтернатива за недостапните Роберт Левандовски и Мауро Икарди.

  • Пиатек за брзо време ќе вреди повеќе од 30 мил. евра. Ако некој странски клуб, сега не одвои 5 мил. евра за неговото обештетување, истиот тој клуб ќе зажали за неколку месеци. Ќе биде исто како што беше со Левандовски. Имаат шанса да го купат за ситни пари, а за неколку години ќе вреди многу повеќе, изјави пред неколку месеци поранешниот тренер на Пиатек, Михаел Пробиерзом.

Позната е приказната како Џенова пред осум години не ја искористи шансата да ги осигура услугите на Роберт Левандовски кој тогаш го носеше дресот на Лех Познан. Италијанскиот клуб беше во потрага по играч кој ќе го замени Диего Милито, кој потпиша за Интер. Челниците на Џенова тогаш се одлучија за ветеранот Лука Тони и за младиот Матија Дестро.

Во тоа време, цената на Левандовски изнесуваше само 4.75 мил. евра, а после само неколку недели, Левандовски потпиша за германскиот гигант Борусија од Дортмунд.

За среќа, раководните лица на Џенова не ја направија истата грешка од пред осум години.