Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти

29

Полската национална агенција за академска размена (NAWA) ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2022/2023 година, во вкупно времетраење од 20 месеци за научно-истражувачка пракса и за едносеместрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска.

– Полската национална агенција за академска размена (NAWA) известува дека во академската 2022/2023 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists), објави МОН.

Министерството за образование и наука во објавата наведува дека стипендиите се доделуваат согласно  позицијата на Полска во рамки на Берлинскиот процес и дека, почнувајќи од академската 2022/2023 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации се достапни на веб-страницата: https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до нашето Министерство за образование и наука до 15 април 2022.