Половните автомобили се најевтини во Италија

203

Најпознатиот интернет-портал за продажба на половни автомобили „Autoscout 24“ ги објави просечните цени на половните автомобили на клучните европски пазари, пренесува Ревија ХАК.

Просечно земено, половните автомобили најскапи се во Франција, каде цената е 22.995 евра. Следи Германија со 18.377 евра, па Австрија со 18.126 евра, Шпанија со 17.586, Белгија со 16.855, Холандија со 15.654 евра, а најевтините половни автомобили се во Италија каде чинат 14.446 евра, пишува Јутарњи лист.

Што се однесува до возилата стари една година, тие се најевтини во Шпанија каде чинат 28.630 евра и во Германија, по цена од 28.721 евра. Тригодишниците  се најскапи во Австрија, 29.659 евра, а потоа во Германија, 26.849 евра, додека најевтини се во Италија, 22.700 евра. За автомобилите стари од три до пет години и постарите најмногу ќе платите во Франција, а Германија е на средина на листата. Италија е најевтина.

Во „Autoscout  24” не прават понатамошни анализи, но треба да се напомене дека  Италија е голем пазар за автомобили како „фијат панда”, па и тука веројатно лежи причината што цените се нешто пониски.