Половина од светското богатство е во рацете на 47 милиони милионери

134

Бројот на милионери во светот од средината на 2018 година до средината на 2019 година е зголемен за 1,1 милиони, покажува извештајот за глобалното богатство на Кредит Свис. Така бројот на милионери во светот се искачи на 47 милиони кои поседуваат скоро половина од светското богатство.

Така 46,8 милиони милионери во светот сега се заедно вредни 158,3 трилиони долари – или 44 проценти од вкупното богатство во светот. САД продолжуваат да го водат светот во вкупно милионери и раст. Америка прими 675.000 нови милионери во текот на изминатата година и сега има вкупно 18,6 милиони.

Јапонија прими 187.000 нови милионери и сега има вкупно нешто повеќе од 3 милиони. Кина, чија економија делумно забавува како резултат на трговските тензии, сепак доби 158.000 нови милионери, а сега има 4,5 милиони во оваа земја.

Австралија е најголем губитник кога станува збор за бројот на милионери. Изгуби дури 124.000 и падна на 1,2 милиони, но голем дел од тој пад е резултат на промените во девизниот курс, бидејќи богатството се мери во американски долари.