„Полничките“ полицајци во Туркменистан мора да ослабат, инаку ќе добијат отказ

95

Гојазните припадници на полицијата во Туркменистан почнале да џогираат и вежбаат, откако добиле наредба да „се затегнат или да ја напуштат службата“, а за тоа добиле и краток рок.

„Ослаби или ја губиш работата“ им било речено на полицајците на тестовите за обнова на квалификациите во оваа централноазиска држава. Министерството за внатрешни работи им наредило на полицајците да „се затегнат“ до 25 декември ако сакаат да ја задржат работата.

Наводно, полицајците не смеат да имаат повеќе од 100 килограми, бидејќи  новопоставениот министер за внатрешни работи, Мамедан Чакиев „не сака дебели полицајци”, тврди еден полицаец.

Полицајците кои нема да успеат да го исполнат условот за помала телесна маса, ќе мораат да поднесат оставка – без оглед на чинот, годините минати во служба и слични квалификации.

Слични мерки биле преземени и во соседните земји Таџикистан и Узбекистан, каде властите често ги критикуваат полицајците поради нивната физичка подготвеност.