Потеклото на овој познат италијански рецепт, препознатлив и како популарна улична храна во земјата, останува мистерија. Најверојатно тоа делумно се должи на фактот дека секој регион на италијанскиот полуостров си има свој традиционален рецепт за приготвување на полнети цветови од тиквички. Сепак, она што им е заедничко е деликатниот вкус.

Полнетите цветови од тиквички се крцкаво мезе со неодоливо полнење, а можат да бидат совршен вовед во елегантна, софистицирана вечера.

Ако се решите на ваков потфат, треба да знаете дека успехот на рецептот зависи од свежината на цветовите и нивната свиленката крцкавост, односно никогаш не смее да изгледаа како свенат туку совршено испржени за да се зачува лесниот и деликатен вкус на прекрасниот цвет.

Потребно е:

  • 16 цветови од тиквички
  • 300 г рикота
  • 10 г рендан пармезан
  • Сол, црн пипер
  • Мускатно оревче
  • Сончогледово масло за готвење

Приготвување:
За приготвување на овој рецепт потребно е прво цветовите да бидат нежно, внимателно измиени под млаз вода, да се отстрани тврдиот дел однатре и да се наредат на хартиена салфетка да се исушат.

Во меѓувреме, измешајте ги рикотата и ренданиот пармезан во еден сад додека да се добиен мек крем. Зачинете со сол, свежо мелен црн пипер и прстофат мускатно оревче. Потоа отворете ги убаво цветовите и почнете да ја полните внатрешноста со приготвениот фил, внимавајќи да не ги преполните.

Потоа затворете ги краевите, како што се затвора цветот штом го снема сонцето, за да не истече филот. Пред пржењето во врело масло прво извалкајте ги цветовите со брашно. Кога ќе се оформи нежна, коричка од надворешната страна на цветовите и веќе ќе добијат убава златна боја, вадете ги од маслото и оставете ги на кујнска хартија да се исцеди вишокот маснотија. Послужете ги веднаш!