Полнета мускатна тиква

275

Тиквата е вистинска кралица на есента-хранлива, со неодолив вкус и совршено прилагодлива на слатки и солени јадења. Овој пат, како чинија подлошка на вашиот главен оброк.

Потребно е:

  • 250 г месо по избор
  • помала главица кромид
  • 1/4 страк праз
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 2-3 шампињони
  • мало луто пиперче
  • 2 лажици магдонос
  • зачини по вкус
  • 50 г ориз

Приготвување:

Исечете ја тиквата на половина, исчистете ја од семки и извадете го месото. Посолете ја, набиберете, прелијте со малку масло и запечете околу 15 минути со исечената страна надолу.

Пропржете го исечканиот кромид, додадете го празот, пиперчето и шампињоните. Додадете го крупно изренданото месо од тиквата и морковот и динствувајте, додавајќи малку вода. На крајот додадете го месото, пропржете го па додадете го оризот и на крајот додадете го магдоносот и исечканото лукче. Зачинете по вкус.

Запечената тиква првртете ја, наполнете ја сос смесата, сипете малку вода на дното од садот, покријте со фолија и печете околу 30 минути на 180 степени Целзиусови.

Пред крајот од печењето, можете да наросите малку рендан кашкавал и да оставите да се гратинира 5 минути.