Полицијата утрово го уапси Стевчо Јакимовски

94
Полицијата по налог на јавен обвинител утрово го уапси лидерот на партијата ГРОМ и ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, како дел од нова истрага, дознава „Макфакс“.

Јакимовски утрово треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, каде што за него ќе се бара притвор.

Поранешниот градоначалник и лани во август беше уапсен. Финансиската полиција, кај Јакимовски истражуваше во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки и еден за плоштад во Жданец.

Повеќе информации за истрагата се очекуваат во текот на денот.