Полицијата растури собиранка во месна заедница

46

Кумановската полиција по пријава, затекнала група граѓани кои се собрале во објект на месна заедница во кумановска населба и не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопштија денеска од СВР Куманово, пренесува МИА.

Настанот се случил вчера, во попладневните часови во бараката на месната заедница во населбата „Железничка станица“.

-На 12.01.2021 година во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во населбата. Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“- соопштија од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.