Полицијата во Чешка трага по возачот кој возел „формула“ на автопат/ВИДЕО

185

Возачите на автопатот во Чешка беа прилично изненадени кога видоа „формула“ позади, до и пред нив. Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формулата“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.

Социјалните мрежи беа преплавени со снимки од спортско возило како престигнува возачи на автопат.

Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а полицајците бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.

На видеото се гледа дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, на кој, секако, му е забрането да се вози по јавни патишта.