Полицијата во Сиднеј уапси маж осомничен дека организирал шверц на рекордно количество хероин

82

Полицијата во Сиднеј уапси маж кој е осомничен дека организирал една од најголемите операции за шверц на хероин во модерната историја на Австралија, јави ДПА.

Тој е приведен на аеродромот по пристигнувањето од Турција.

Во изминатите три години, мажот престојувал во повеќе земји, извести австралиската федерална полиција, додавајќи дека во декември 2020 година бил во Тајланд, од каде организирал трансфер на 347,9 килограми хероин во Сиднеј.

Осомничениот имал „широки врски“ со меѓународни криминални групи и првпат бил уапсен во јануари од турските власти.

Тој е обвинет за транспорт на големи количини на дрога и може да се соочи со доживотна затворска казна доколку биде осуден.