Полицијата во Охрид и оваа година гостите ќе ги пречекува со лампиони

114

СВР Охрид заедно со Интернационалната полициска асоцијација од Охрид и оваа година ќе го реализираат превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“.

Во рамки проектот што стартуваше во 2008 година полициските службеници на охриѓани и гостите кои во Охрид ќе ги прославуваат новогодишните празници ќе им подаруваат новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна Нова година.

Притоа, полициските службеници граѓаните и пред се  возачите на моторни возила ќе ги потсетат на потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол, придонес за стабилен јавен ред и мир, се со цел, беспрекорна безбедност за време на Новогодишните празници.