Полицијата влезе и во 1ТВ, се проверува документацијата

176

Инспектори заедно со полиција влегле во 1ТВ, чиј сопственик е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој беше уапсен попладнево.

Неофицијално, се проверува документацијата на медиумот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал.

Претходно полицијата вршеше претрес и во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопската насела Тафталиџе.

Бојан Јовановски – Боки 13 попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица по барање од Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски. Наводно се трага и по други лица.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконско влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари.