Полициски час и забрана за музика во Солун – се зголемува бројот на новозаразени

146

Грција ќе воведе полициски час и ќе забрани музика во баровите, кафулињата и рестораните во Солун, нејзиниот втор по големина град по порастот на случаи на „Ковид-19“, објави владата.

Инфекциите се стабилизираа низ целата земја, но бројот на случаи во северна Грција се зголемил.

Министерството за цивилна заштита објави дека во Солун и поширокиот регион, како и во соседниот регион Халкидики и во градот Лариса, ограничувањата од 4 -ти степен ќе бидат една недела на сила почнувајќи од 1 октомври.

Грција минатата година ја помина првата фаза на пандемијата подобро од многу други земји, но оваа година бележи зголемување на бројот на случаи.

Во Грција, според последниот ковид пресек се регистрирани 2.232 нови инфекции и 33 смртни случаи, со што вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата се искачил на 655.767, а смртните случаи на 14.828.

Таа земја од 11 милиони досега администрирала повеќе од 12 милиони први дози на вакцината. Околу 58 проценти од Грците се целосно вакцинирани и владата се надева дека ќе го зголеми бројот на вакцинирани лица на 70 проценти, што би ги зголемило шансите за градење колективен имунитет.