Возач на полициска Тесла С во тек на потера во американскиот град Фремонт се соочил со проблем, откако му се испразнила батеријата на автомобилот. Автомобилот бил купен како половен, а бил дел од пилот програмата за воведување на електрични возила за полциски потреби.

Се до неодамнешната потера, Тесла се покажало како добро возило за потери.

Полицаец од Фремонт, Калифорнија, Џеси Хартман патролирал со автомобил Тесла модел S, кој го користат во секојдневната служба кога се вклучил во полициска потера на еден автмобил кој се движел со голема брзина. Хартман ја предводел потерата во која учествувале и други полициски возила, а неговиот автомобил возел 190 км/ч. при што потрошувачката на електрична енергија на неговиот автомобил драстично се зголемила.

Во еден момент сфатил дека батеријата станала многу слаба и можела да издржи уште најмногу 10 километри возење, поради што морал да се откаже од потерата. Потерата ја продолжиле неговите останати колеги со другите автомобили, но и тие набрзо се откажале поради безбедносни причини затоа што сообраќајот станал многу густ за возење со голема брзина.

Од полицијата веруваат дека Тесла сепак долготрочно ќе се исплати поради малите трошоци за одржување и потрошувачката на електрична енергија.