Полицајци на велосипеди ќе патролираат низ Центар

1296

Припадниците на полицијата во ПС Центар, започнаа со патролирање на велосипеди за полесно и ефикасно справување со мерките против Корона вирусот.

 

Велосипедите и дел од велосипедската опрема со која ќе патролираат припадниците на полицијата се општинска донација за полицијата.

– Традиционално добрата соработка ќе продолжи и во периодот што следи, со донација на уште велосипеди и опрема – информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој веста ја објави на фејсбук и центарци веднаш посочија на кои локации полицијата треба да обрне внимание при патролирањето, особено во време на полицискиот час.