Легендата на бразилската џиуџица и повеќекратен светски шампион, Леандро Ло (33), е убиен во Сао Пауло, а главен осомничен за неговото убиство е полицаецот Енрике Отавио Оливеира Велосо.

Леандро е прогласен за мртов бидејќи функцијата на мозокот целосно му откажала, објавија бразилските медиуми.

Несреќниот борец се скарал со Велосо на концерт. Според сведоците, Велосо се приближил до масата на Леандро и му зел шише. Дошло до расправија, која набрзо прераснала во физичка пресметка. Ло го соборил полицаецот и го држел извесно време на земја. Кога решил да го пушти, Велосо станал, извадил пиштол и му пукал во главата. Несреќниот борец починал неколку часа подоцна.

Леандро Ло беше еден од најдобрите борци во историјата на овој спорт. Тој беше носител на црн појас и во кариерата освои дури осум титули на Светското првенство во ИБЏЏФ.