Луда фудбалска приказна ни доаѓа од Суринам. Имено, потпретседателот на оваа земја, Рони Брунсвик (61), е сопственик и претседател на клубот Интер Мунготапу, тим кој учествува во Лигата на шампионите КОНКАКАФ, и одигра дури 54 минути за тој тим во ова натпреварување.

Со капитенска лента околу раката, буцкастиот политичар го предводеше својот клуб на натпреварот против Олимпија од Хондурас. Неговите години привлекуваат најмалку внимание во целата оваа приказна, што е сосема неверојатна.

Рони некогаш бил герилски борец и основач на Камадо гардата, која се бореше за правата на африканските потомци во оваа јужноамериканска земја. Оттогаш, тој бил учесник во граѓанската војна во Суринам, а потоа многу важен политички фактор во земјата, пренесува британски „Гол“.

Американскиот „Њујорк тајмс“, пак, го опиша како разбојник на банка, герилски водач и татко на најмалку 50 деца, а од летото 1999 година тој е на меѓународна потерница на Интерпол, бидејќи бил осуден за трговија со дрога во Холандија.

Холандија не може да го најде повеќе од две децении, а сега е во центарот на голем скандал во својата земја. Имено, тој бил снимен како дели пари со ривалите во соблекувалната.