Политико: Блокирани пристапните преговори за С. Македонија и Албанија

92

Во текстот се наведува дека лидерите доцна синоќа, во тензична дебата, не успеале да се договорат ниту за некаква охрабрувачка изјава.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, имал цврст став против доделувањето датум, кој надвладеал и покрај спротивставените ставови на првиот човек на Европскиот Совет, Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел, кои се залагале на Советот да се даде зелено светло за двете држави.

Холандскиот премиер, Марк Руте, поддржал потенцијален компромис според кој би се дозволило почеток на преговори со Македонија, додека Албанија би се оставила да причека. Сепак, ниту предлогот за разделување на земјите не бил прифатлив.

Како што пренесува политико, аргументите на Францускиот претседател Макрон биле дека Унијата пред да ги отвори портите за нови членки треба да претрпи внатрешни реформи, но посочил и дека Македонија и Албанија сѐ уште не се подготвени да го почнат пристапниот процес со ЕУ.