Полесно ми е да играм со ваквиот стил на игра

93

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, јавно го пофали шефот на стручниот штаб, Оле Гунар Солскер. Откако седна во менаџерското столче, норвешниот стручњак не знае за пораз во Премиер лигата. “Црвените ѓаволи” забележаа 10 победи и еден нерешен резултат, а најверните фанови побараа од клупските челнци да потпишат нов договор со Солскер кој пристигна на “Олд Трафорд” како привремено решение по отказот на контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.

  • Се надевам дека ќе продолжиме со него како менаџер, но конечната одлука не зависи од нас. Задоволни сме што е со нас во овие моменти. Имаме тренер со различна филозофија и различен пристап. Полесно ни е да играме со ваквиот стил на игра, во споредба со тој кој игравме во изминатиот период. Играме добро и се надевам дека ќе продолжиме со добрите резултати, изјави францускиот интернационалец.

Со ваквиот коментар, крилниот напаѓач индиректно го пецна Мурињо кој со години не успеа да го извади максимумот од својот тим.

  • Солскер постојано од мене бара да напаѓач што е можно повеќе. Таква е мојата работа. Да ја направам потребната разлика и да бидам поодлучен, изјави Марсијал.