Пола Скопје и приградските општини утре ќе останат без струја

222

Пола Скопје и дел од приградските општини утре ќе останат без струја. Како што информираа од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија е во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците од улиците со броевите: 406, 415, 500 и Т-мобаил Марино, во Општина Илинден.

Исто така, без струја во периодот од 8:30 до 14 часот ќе бидат корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“во општина Аеродром. Во период од 8:30 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов„, броевите: 25 и 42-а, Јуриј Гагарин броевите: 29 и 35 и хотелот „Гранит“ во општина Карпош.

Без струја од 9 до 14 часот, ќе останат корисниците од улицата „Питу Гули“, во општина Центар, додека во период од 9 до 13 часот и корисниците од улицата „Михајло Апостолски“ (поранешна Каирска) од бројот 2 до бројот 16 и објектите во непосредна близина во општина Карпош.

Во период од 9 до 13 часот, без струја ќе  бидат и корисниците од улицата „Скупи“ и подулиците: со бројот 12 и 20 и објектите во непосредна близина во општина Карпош.

Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат и корисниците во кругот на поранешна „Стаклара“ и објектите во непосредна близина, во Општина Кисела Вода

– Во периодот од 8:30 до 17 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Јаболци, Осинчани, Елово, Малчишта, Патишка Река, Црн Брв, Дражилово, Нова Брезница, како и ХПП ПЦЦ Хидро, Сателитскиот центар, Ловиштето „Јасен“, Каменоломот „Рудокоп“ и останатите стопански и нестопански објекти во тој реон во општина Сопиште – информираат од РЦУК на Град Скопје.

Без струја во период од 8:05 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улиците 19, 38, 9, 8, 7, 15, 13, 14, ТИРЗ-Пумпа „Илинден“, ЗИК- Пумпа Илинден и објектите од непосредна околина во општина Илинден.