Животот на фолкерот Радиша Трајковиќ Ѓани многумина ги интригира особено оној љубовниот.  Но, тој напомнува дека иако неговиот живот бил исполнет со многу жени само една успеала да го освои неговото срце, а таа жена е Слаѓа која денеска е негова сопруга. Тој ги заборавил неговите поранешни и е сигурен дека ќе остане со Слаѓа до крајот на неговиот  животот.

– Не сакам да се навратувам во минатото и да зборувам што сè беше, но не можам да избегам од вистината. Точно е, јас сум бил со многу жени. Бројката до која стигнав е 78, но ниту една не може да ја замени мојата Слаѓа. Сигурен сум дека таа е мојата вистинска и единствена љубов покрај која ќе остарам. Сфатив дека таа е незаменлива.

Ѓани и Слаѓа / Фото: ФБ.

Пејачот истакнува дека само Слаѓа знае како да излезе на крај со него.

– Јас сум многу немирен и само една жена може да ме смири, а тоа е мојата сопруга. Јас не сум алкохоличар, далеку од тоа, но сакам одвреме-навреме  да си пивнам. Сакам убаво друштво и до зори да останам во кафеана, пренесува „Блиц“. А, потоа додаде дека само Слаѓа има влијание врз него затоа што ја почитува и бидејќи ја сака, знае да ја сослуша и да се смири кога таа тоа ќе го посака.