Познат НБА играч ја побара својата девојка за жена, а идната невеста, во моментот топлес, веднаш кажала „ДА“ (фото)

139

НБА ветеранот Јоаким Ноа ја побара својата девојка, Лаис Рибеиро, моделка и ангел на Викторијас сикрет, за жена на фестивалот Burning Man.

View this post on Instagram

Strong winds coming from the north….

A post shared by Joakim Noah (@stickity13) on

Дваесет и осум годишната моделка ја објави среќната вест, каде ако не на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B2HP2_rh6fs/?utm_source=ig_embed

„Малку доцнам со фотографиите од Burning Man и, се разбира, не го допрев телефонот пет дена и немам ниту една фотографија, ама, благодарна сум му на мојот најдобар пријател, уловил еден од најдобрите моменти во мојот живот“, напиша таа.

„Ноа ме изненади на моето омилено место и ме побара за жена. Не можам да бидам посреќна. Луѓе, ќе се венчаме“, додаде таа.

Ноа, кој минатата сезона играше за Мемфис Гризли и самиот се огласи на Инстаграм, каде што напиша дека ќе одлуката да ја побара за жена била најлесната одлука што ја донел во животот и додал дека како сцена од фестивалот никогаш нема да ја заборави, напиша индекс.хр.

Двојката почна да се забавува 2018 година, а на социјалните мрежи им пристигнуваат честитки од сите страни.